За Нас

Нашите почетоци

ДЕКО ИНК е производител на етикети кои наоѓаат примена во многу индустриски гранки. Од основањето на компанијата во 1988 година, до денес, ДЕКО ИНК прерасна во една од водечките печатници во Македонија. Етикетите се наша специјалност и континуирано се опремуваме со најсовремените машини во таа област и инвестираме во најновите технологии.

ДЕКО ИНК со своето долгогодишно искуство, стручност и прецизност креира етикети кои го претставуваат вашиот производ во најдобра светлина. Постојано ги следиме новите светски трендови во областа на дизајнот за да можеме да направиме етикета која најдобро ќе ве претставува.

ДЕКО Инк е сертифицирана од страна на Lloyd’s Register (LRQA) и успешно ги има имплементирано меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015. Со цел да се зголеми задоволството и да се придобие довербата на клиентите и на сите кои се вклучени, директно или индиректно, во деловните процеси на компанијата, се одлучивме за имплементација на стандардите за квалитет и за животна средина. Проактивно и добро применување на стандардите придонесе да се зголеми продуктивноста на нашата компанија и секако го подобри квалитетот на нашите производи.

Етикетата го прави брендот.

Oд суштинско значење за вашите производи е да имате етикетa што се истакнува и го привлекува вниманието на купувачот кога разгледува и избира производи на преполниот и конкурентен пазар. Етикетите се многу повеќе од парче печатена хартија. Добро осмислените и квалитетно изработените етикети му овозможуваат на купувачот забавно и сензорно искуство, и се клучна информативна компонента на пакувањето од производот, со што имаат директно влијание врз потрошувачите да купуваат. А кога етикетите се изработени со висок квалитет од мајстори со долгогодишно искуство, и со дополнителна проверка на етикетите со најсовремена технологија за електронска контрола, тогаш можете да бидете сигурни дека вашиот производ ќе биде добро претставен и на домашниот и на странскиот пазар.

Добродојдовте на вистинското место!

Нашата Специјалност

Нудиме изработка на сите видови етикети од материјали по ваш избор! Во зависност од типот на производот на кој се аплицира етикетата, нашиот тим ќе ви понуди адекватен материјал од широката палета на преку 250 различни видови хартии и пластика, соодветен начин на апликација и ќе ве советува како вашиот производ да добие етикета каква што заслужува.

Одличниот дизајн на етикетите ја зголемува продажбата на вашиот производ! Доколку сакате вашите производи да имаат препознатлива и допадливо дизајнирана етикета, изработена од материјали со врвен европски квалитет, ускладена со квалитетот на производите, која ќе им испраќа јасна порака на купувачите, побарајте нé.

Уживајте во предностите на
нашето тридецениско искуство

Наша цел е да ви обезбедиме совршено решение за вашите етикети.

Обезбедуваме стручни совети и комплетна поддршка во целиот процес на дизајнирање и печатење етикети за вашите производи. Вие грижете се за својот бизнис, а ние сме тука да ви помогнеме околу создавањето на вашиот корпоративен идентитет. Од нашето богато искуство знаеме колку е важна етикетата за имиџот на производите. Уживајте во предностите на нашето тридецениско искуство.

Што добивате од нас?

  • Етикета печатена на соодветен материјал според видот на производот.
  • Уникатен дизајн
  • Професионална изработка по европски стандарди

Добриот дизајн на етикетите ја подобрува продажбата на вашиот производ.

Доколку сакате вашите производи да имаат препознатлива и допадливо дизајнирана етикета, изработена на материјал со врвен квалитет,целосно ускладена со квалитетот на производите, која ќе им испраќа јасна порака на купувачите, побарајте не.

Побарај понуда