Процес на изработка
на етикетите

Picture

Креирање на концепт

Етикетите се првиот визуелен контакт кој потрошувачот го остварува со производот.Тие треба да овозможат конкретна информација за производот кој се нуди, но и да послужат како ефективен медиум кој го привлекува вниманието на купувачот.

Movie

Дизајн на етикетата

Етикетата претставува лична карта на производот и нејзиниот дизајн мора да ги следи неговите карактеристики. Од искуство знаеме колку е важна етикетата за имиџот на производите. Добро осмислениот концепт на дизајнот е предуслов за успешно пласиран производ.

Picture

Избор на соодветен тип на хартија

Каталози со повеќе од 250 видови на материјали.

Location

Тип на техника

Нашиот тим од одделот за техничка подготовка ќе ве упатат во многуте можности на изведба на печатењето, за да го добиете перфектниот и привлечен изглед на етикетата.

Location

Печатење

Етикети изработени со висок квалитет, од мајстори со долгогодишно искуство.

Location

Контрола на квалитет

Специјалната опрема која ја обезбедивме пред неколку години, овозможува скенирање и контрола на секој најситен детал од вашата етикета. При тоа се врши електронска контрола со специјална камера, и се стопира машината за пребројување за да ја исфрли етикетата со било каков недосток.

Movie